ГЛАВНА СТРАНИЦА

 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - ЕКОНОМИЈА
 
ДРУГИ СЕМИНАРСКИ РАБОТИ
- ЕКОНОМИЈА -

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзаноста помеѓу економските и политичките системи


Апстракт

Нашата семинарска работа ја изработивме со цел да ги согледаме повразаностите помеѓу економските и политичките системи. Економските и политичките системи се чини дека се две различни сфери на дејствување, меѓутоа во современи услови политиката, повеќе или помалку се меша во сите економски системи. Економскиот систем од секогаш бил дел од политичкиот систем и нивното меѓусебно влијание не може вештачки да се раздвои како тоа што било направено во либералистичките трудови и класичната економска мисла. Политичките интереси ја обликуваат економската политика на начин на којшто одделните национални економии успеваат преку мерки на економската политика да си ги остварат политичките цели. Исто така може да се види и за каква цел економија може да и послужи на политиката, и тоа како политиката се обидува да влијае на економија, и да се даде одговор на прашањето како политиката се употребува во економската теорија, или, со други зборови, да се утврди какво е влијанието на економијата во политиката.

Вовед

Во овој семинарски труд ќе се обидеме да го испитаме взаемниот однос помеѓу политичките системи и економските системи, како и нивните меѓусебни влијанија. Навидум економските и политичките системи се чини дека се две различни сфери на дејствување и како да нема смисла да се споредуваат, а уште помалку да се спојуваат. Економистите сметаат дека политиката не треба да се меша во економијата, меѓутоа во современи услови политиката, повеќе или помалку се меша во сите економски системи, од каде мешањето е неминовно и може да биде полезно и за самата економија.
Кога добро би погледнале во минатото, јасно можеме да заклучиме дека таа врска помеѓу нив од секогаш и постоела. Но нивното раздвојување, пред се, се должи на појавата на либерализмот. Може да видиме дека либералистите и покрај нивните намери за слободна размена и одвоеност на економскиот систем од политичкиот, биле неми пред фактот дека државата мора да интервенира, само онолку колку што е доволно за да опстане еден високо конкурентен ситем кој ќе предизвика благосостојба на националните економии. Карактеристики на економските и политичките системи може да се набљудуваат од аспект на нивната припадност како монистички и плуралистички системи. И можеме да видиме дека покрај тоа што политиката влијае на економските односи и економската политика, така и економијата дејствува врз политичкиот ситем и може да се види за каква цел економија може да и послужи на политиката.


1. Врската помеѓу економијата и политиката

Моќта и влијанието на државата, односно на нејзината влада, се огледува преку нејзината сила и можност да наметнува правила на игра кои можат да ја нарушат состојбата на идеалната совршена конкуренција. Либералистите укажуваат дека моќта на државата е штетна и непотребна на пазарот и дека `невидливата рака ` е онаа која најдобро ќе изврши алокација на ресурсите во светот. Тие сметаат, дека онаму каде приватниот сектор не може, или не е заинтересиран да вложува, тогаш тоа треба да го направи државата. Таков е случајот со јавните добра, како што се образованието (до одреден степен), редот, одбраната и друго, каде приватните капитали се недоволни и неефикасни во задоволување на овие потреби, кои по својот карактер се специфични и не секогаш се однесуваат на максимизирање на добивките.Обезбедувањето на јавните добра индиректно се врши преку политичките процеси, во кои граѓаните (со гласање) ја избираат онаа владеачка структура која во своите програми нуди такви јавни добра какви што граѓаните сакаат да добијат. Оттука се вели и дека политичкиот пристап е јавно донесување на одлуките.
Денес е јасно дека таму каде постои пазар на кој конкуренцијата е определена од трговските претпријатија, а не од владината интервенција и попречување, тој пазар се смета за најдобар и врши најефикасна алокација на ресурсите. Емпириските податоци за различните пазари во светот, даваат преглед токму на успешните пазарни стопанства, и покажуваат како на високо конкурентните пазари, се појавуваат и оние фирми, кои според Портер имаат високи конкурентски предности. Другиот пак пристап, политичкиот, се состои од моќ, влијание и јавно донесување на одлуките. Несомнено, очигледно е дека во современи услови поврзаноста помеѓу економијата и политиката постои.
Всушност, кога добро би погледнале во минатото, јасно можеме да заклучиме дека таа врска помеѓу нив од секогаш и постоела. Но, нивното вештачко раздвојување, пред се, се должи на појавата на либерализмот, а оттука и неговите претставници кои формирале своја либералистичка школа, во која во трудови ги пласирале своите ставови во светлото на либерализмот.
Либерализмот, се појавил во 19 век и со сигурност неговото воведување може да се каже, дека настанало благодарение на таткото на класичната економија, економистот Адам Смит. Либерализмот, оттука е оној систем во меѓународните системи, кој го одвоил унифицитарниот пристап во кој заедно се разгледувани политичките и економски прашања, на два поедничени пристапи. Едниот од нив е економскиот систем кој се заснова на производство, распределба и потрошувачка на производи и услуги, кој содржи економски процеси кои функционираат според природните закони.
Оттука, може да заклучиме дека либералистите и покрај нивните намери за слободна размена и одвоеност на економскиот систем од политичкиот, биле неми пред фактот дека државата мора да интервенира, само онолку колку што е доволно за да опстане еден високо конкурентен ситем кој ќе предизвика благосостојба на националните економии.
Во недостиг од вакви меѓународни правила, пазарот би бил неефикасен, а производителите неиновативни, бидејќи нивните иновации лесно можат да бидат копирани од некој друг учесник на пазарот. Како последен пример може да се наведе и Дијамантот на конкурентски предности на Мајкл Портер, кој како дополнителна детерминанта на основните четири детерминанти, покрај случајните околности, ја наведува и владата и со тоа става акцент на нејзината важност во регулирање на односите во секоја одделна национална економија.
Јасно станува дека покрај тоа што политиката влијае на економските односи и економската политика, така и економијата дејствува врз политичкиот ситем. Примери за тоа во праксата постојат многу, а причините за ваквото влијание најчесто се поврзуваат со економската и финансиска моќ на одделни економии, располагањето со стратешки добра на поедини национални економии, како и големината на БДП. Кога некои стопанства имаат јаки економски позиции, позитивни трговски биланси на земјите и кога не зависат од меѓународната размена во таа мера да некој влијае на нив, јасно е дека тие ќе имаат поголема стратегиска и дипломатска моќ на преговарање. Во тој контекст, различните преговарачки позиции произлегуваат од различниот степен на економска развиеност на земјите.

2. Условеноста на политиката од економските состојби

Раната индустријализација на Велика Британија во 14век и Американската економска сила во 20 век се индикатори кои сведочат за условеноста на политиката од економските состојби. Политиката од друга страна ја обликува економијата на земјите преку добрососедските односи, владеење на исти политички системи во оддлени стопанства кои си даваат економски предности едни на други, формирањето политичка унија во рамките на која се регулираат и економските прашања итн.
Влијанието на политиката врз економијата Питер Дикенс ја претставил на три начина:
1) Политичкиот систем го обликува економскиот систем
2) Политичките интереси ја обликуваат економската политика
3) Меѓународните економски односи, сами по себе претставуваат политички односи


Кога настојуваме да објасниме како политичкиот систем успева да го обликува економскиот, најпрво мораме да почнеме со одредена хронологија која соодејствува со појавата на различните економски системи.
Освојувањето на колониите го истакнува токму мешањето на политичкиот и економскиот систем. Како главна и доминантна сила Велика Британија можела ваквиот економски систем да го наметне на останатите земји во Европа.(исклучок била Холандија).
Вториот економски систем кој е обликуван од политичкиот е либерализмот. Слободната трговија се јавува паралелно со брзата индустриска револуција која настанала на европското тло. Адам Смит, како претставник на класичната школа во своите учења упатува остри критики на меркантилистичките размислувања и однесување, притоа насочувајќи кон апсолутните предности на нациите. Кога Велика Британија го напуштила ситното стоково производство и преминала на масовно, таа веќе немала каде да ги пласира големите количини произведена стока.
Центарот на меркантилизмот бил во Англија и Франција. Во Франција се издигнал во првата половина на 16век набрзо откако монархијата станала доминантна сила во француската политика. Во 1539 год. со една важна одлука забранет е е увоз на волнени производи од Шпанија и некои делови од Фландрија. Следната година воспоставена е цела низа рестрикции на извоз на златни и сребрени шипки. Во истиот век воведени се и други протекционистички мерки. Значењето на францускиот меркантилизам тесно е поврзан со Жан Батист Колбер- министер за финансии, цели 22 години во 17 век до таа мера што добил назив Колбертизам. Под негово влијание, француската влада цврсто се вклучува во економијата со цел да се зголеми извозот. Занаетчиството било организирано во цехови и монополи, а производството во државата било регулирано со преку 1000 уредби. Колбер ги намалувал интерните бариери и царини и градел широка мрежа на патишта и канали. Неговата политика била прилично успешна и во текот на овој период француската економија и производство значајно се зацврстиле, што и дале на Франција доминантност, која сепак заостанувала зад Велика Британија и Холандија.
Во Велика Британија меркантилизмот го достигнал својот врв во текот на владата на таканаречениот Долг Парламент. Во Британија контролата на владата врз домашното производство била помалку раширена отколку на континентот, поради традицијата на обичајното право и константниот пораст на моќта на парламентот. Бидејќи британските меркантилисти биле поделени околу прашањето дали е потребна домашна контрола, главно се концентрирале на контрола врз трговијата. Воведена е цела низа регулации околу поттикнувањето на извозот, а обесхрабрување на увозот. Навигационите акти ги истиснале странските трговци од домашната британска трговија. Оваа нација агресивно барала нови колонии и откако биле доведувани под британска контрола, им се наметнувале регулации кои на колонијата и дозволувале да произведува само суровини и да ги извезува исклучително во Британија. Токму ваквата политика и помогнала на Велика Британија да стане доминантна трговска земја во светот и меѓународна супер сила. Меркантилистите помогнале во создавањето на трговските модели за т.н. триаголна трговија на северниот Атлантик, според кои суровините се увезуваат во метрополата, а потоа се проследуваат и редистрибуираат во други колонии, а Велика Британија се богати и зајакнува од профитите стекнати на тој начин.
Народот кој по Првата Светска војна (1912-1919), а особено по Големата економска криза од `30тите бил прегладнет, оддеднаш со откривањето на новите копна на светската карта, воочил подобрување во исхраната на своите земји со нови житарки, зачини и најразлични растенија и билки, кои биле пренесени од новите територии. А бидејќи тие биле пренесувани на стариот континент преку трговијата, тука лежи и објаснувањето зошто луѓето сметале дека трговијата го создава материјалното богатство и ја подобрува благосостојбата на земјите. Во времето на меркантилизмот сите земји се обидувале преку трговијата да направат позитивни салда на своите трговски биланси. Тие тоа го правеле на начин на кој по секоја цена го стимулирале извозот, а со најразлични бариери го попречувале увозот на стоки на нивните територии. Тоа било време кога земјите се однесувале како вистински тврдини, а добар пример за тоа е Велика Британија која како доминантна сила во меѓународните текови, не сакала по никоја цена да ги симне бариерите за трети земји и да ги овозможи преференциите кои ги давала само на земјите во нејзиниот Комонвелт. Во ова време се појавуваат (иако не за прв пат) сите оние бариери кои и денес се употребуваат во меѓународната размена, а такви се царините, квантитативните ограничувања како доброволната извозна квота, увозните контигенти и слично. На страната пак на извозот се одвојувале разни субвенции за негово стимулирање на светските пазари.
Тука може да се забележи активната улога на политичкиот сисем на земјите кој влијаел преку најразновидни интервенционистички мерки врз економскиот систем и го обликувал. Сите земји во светот во тоа време се обидувале да бидат извозници. Значајно е да се истакне дека во тогашни услови постоела автоматска рамнотежа во светската трговија. Тоа се одвивало благодарение на конвертибилноста на валутите во злато. Со други зборови кажано, тоа е време кога во зависност од златните резерви на државите се ковале националните валути на одделните земји по однапред определен паритет, односно ковничка стапка. Секоја земја грижливо се однесувала во трошењето на златните резерви и злато со извозот таа добивала повеќе злато на својата територија. Но, тоа што било тешко воочливо во ваквиот систем на размена и плаќања, прв во теориските записи го укажал економистот Дејвид Хјум. Тој успеал да докаже дека не може сите земји да бидат извозници на светот и ги посочил ефектите од увозот и извозот на долг рок. Според него со поголемиот извоз на некоја земја во даден период доаѓа до поголем прилив на парични средства, односно на златни резерви. Златните резерви се коваат поново, односно нивната вредност се определува по нова ковничка стапка која е повисока, благодарение на поголемиот прилив на злато. Во наредниот период земјата автоматски ќе извезува помалку, затоа што нејзините стоки имаат неконкурентни повисоки цени на светскиот пазар. На долг рок, земјата која повеќе извезувала ќе се јави како нето увозник. Оваа логика се огледува во автоматскиот стабилизатор на тогашните валутни курсеви кои автоматски го ставале светскиот систем во рамнотежа. Денес таа рамнотежа не постои, поради тоа што ниедна земја нема валута која е конвертибилна за злато.
Трговците профитирале од забрабната на увоз, со што била елиминирана странската конкуренција и било осигурано работното место на работниците во компаниите.Додека подоцнежните идеи биле развивани од академци и филозофи, речиси сите меркантилистички писатели биле трговци или владини службеници. Во вакви услови на криза земјите се свртеле кон штитење на сопствените стопанства и обезбедувањето полна вработеност. Тие повеќе не биле отворени кон светот бидејќи кризата со фиксните девизни курсеви лесно се пренесувала од една во друга национална економија. Во овој период видно слабее британската сила и доаѓа до поизедначени односи на меѓународната сцена.
Економскиот систем од секогаш бил дел од политичкиот систем и нивното меѓусебно влијание не може вештачки да се раздвои како тоа што било направено во либералистичките трудови и класичната економска мисла. Политичките интереси ја обликуваат економската политика на начин на којшто одделните национални економии успеваат преку мерки на економската политика да си ги остварат политичките цели.
Во практиката има многубројни примери за тоа, а добар пример за тоа е ембаргото како крајно непопуларна мерка со која се спречуваат извозот и увозот на стоки од дадена земја за да се постигнат политички цели. Бидејќи ембаргото не е цел на преговарање во рамките на СТО или некоја друга меѓународна економска интеграција, тоа им остава на земјите начин на влијание на политиката врз економијата, сè додека не се постигне посакуваната цел. Меѓународните економски односи, сами по себе претставуваат политички односи и тие односи можат да се движат во некои определени граници.
Лимитите како плафон или долна граница, односно крајностите до кои може да се постигнат тие односи се чистиот конфликт или совршената соработка или кооперација. Денес е јасно дека овие две форми многу ретко можат да се сретнат во практиката на меѓународните односи.
Чистиот конфликт предвидува можност на исклучување на другиот. Така на пример, чистиот конфликт настанува во примерите за освојување на некои територии. Од политички аспект ,кога едниот од завојуваните страни ќе ја освои таа земја, другиот се исклучува од можноста да владее над истата. Гледано пак од економски аспект, освојувањето на територија не се сфаќа во буквална смисла, туку тука пред се, се мисли на освојување на некое подрачје кое се смета за пазар каде ќе се пласираат одредени добра. Во вториов случај, стратегиите кои ги применуваат компаниите се клучниот момент, а освојувањето на даденото подрачје за пласман на дадениот вид супститутна стока, го елиминира влијанието и настапот на останатиот конкурент, кој во поглед на квалитетот или цената се јавил како послаб на страната на понудата и агресивниот настап.
Кооперацијата пак, како крајна граница или екстрем во кои ќе се движат меѓународните односи, се однесува на можноста од заедничко договарање помеѓу двете страни и тука, за разлика од конфликтот, не се настојува да се елиминира другиот партнер. Целта, обично, на двете страни е иста и се постигнува само преку соработка, па оттука и волјата да се соработува. Кај кооперациите е многу важно да се склучат договори помеѓу рамноправни партнери или земји потписнички на мултилатерални или билатерални договори. Посилната преговарачка моќ, поголемото влијание на светската сцена, како и поседувањето стратешки важни добра на некоја земја потписничка, најчесто ги става останатите партнери во многу понеповолна, а во некои случаи и зависна ситуација.
Важно е да се нагласи дека во практиката не постојат чисти форми на овие односи (или тие се јавуваат многу ретко) и најчесто можат да се увидат елементи на конфликт кај кооперациите или елементи на соработка кај конфликтите. На пример, земјите членки на ОПЕК имаат заеднички интереси и соработка во врска со управувањето на нафтата, нејзиното производство, цената, но сепак постојат елементи на конфликти колкава да биде таа цена која светската јавност може да ја плати, која земја да земе колкава квота на производство, поделбата на пазарите и.т.н.стока. Пазарите биле затворени за нејзините стоки со високи царини, во меѓувреме по 50тите ги губи полека и своите колонии и излезот од таквата новонастаната ситуација го бара во пропагирање на економски систем кој неа најмногу и одговара.
Адам Смит апсолутните предности ги гледа низ призмата на специјализација на земјите во производства во кои продуктивноста мерена во живиот труд дава најголема предност, односно благосостојба на националната економија и нејзините жители. Размената од секогаш постоела во светот и таа е корисна. Адам Смит објаснува како политичкиот систем кој влијае преку интервенционистичките мерки на државата, и одмага на државата во ефикасна алокација на ресурсите. Бариерите треба засекогаш да се спуштат и да дејствува `невидливата рака ` на пазарот. Но, се видело дека земјите многу тешко се одлучуваат на оттргнување на заштитата на сопствените стопанства.
Билатералните договори долго опстојувале во меќународните економски односи со кои две земји се договараат за одредени преференции во поглед на намалување на бариерите за влезот на стоките од партнерите на овие договори. Со ГАТТ `47 се прави обид за мултилатерално договарање во светски рамки, а веќе со СТО `94 постои правно меѓународно тело, односно организација која воспоставува фер трговија во светот за земјите членки на истата. Фер трговијата не е исто што и слободната трговија, односно либерализмот. Фер трговијата предвидува дека однапред се знае нивото на бариери и тоа ќе се почитува во рамките на мултилатералните договарања, за разлика од слободната трговија кај која нивото на заштита и ограничувања е еднаков на нула. Либерализмот тешко се спроведува поради тоа што сите земји во светот се трудат да се заштитат од странската подобра конкуренција и со различни трговски и нетрговски бариери се обидуваат да им помогната на младите индустрии во сопствените земји. Во овој период постои трансформација на британската економија, која со ембаргото од Франција од трговија со континентот преминала на прекуморска трговија.
Третиот економски систем кој исто така може да биде обликуван од политичкиот е империјализмот. Тој се јавува на почетоците на 19 век, по првата Светска војна, а особено се засилува во текот на Големата економска криза. Станува збор за систем кој употребува исти протекционистички мерки, но на различен начин досега. Тој произлегува од самата пракса како потреба на земјата без теоретско и практично објаснува

3. Шема на карактеристики на економските и политичките ситеми

Основните карактеристики на економските и политичките системи може да се набљудуваат од аспект на нивната припадност кон т.н монистички и плуралистички системи. Особеностите на едните и другите можат да се прикажат на следниов начин


3.1. Монистички системи


3.2. Плуралистички системи



Системите никогаш не постојат во чиста форма. Меѓутоа, за да можат успешно да функционираат, потребно е тие да бидат конзистентни, односно усогласени.
Состојба на конзистентност во монистичкиот систем:
1. конзистентност постои
2. економијата постигнува значајни резултати
- ефикасна мобилизација на ресурсите
- насочување на распределбата
- стабилност во сверата на прометот (цени, инфлација, девизен курс)
3.конзистентноста трае ограничено време
4.и покрај конзистентноста појава на нестабилност
- во политичките системи поради ограничени права
- во економските системи поради етатистички грешки во алокација на ресурсите (лоши проценки) и др.

Состојба на неконзистентност (во монистичките системи)
1. можни последици од неконзистентност
a) запаѓање во економска криза, поради неадекватен систем на донесување на политичките и законодавните одлуки, неефикасно функционирање на институциите
b) запаѓање во економски и политички кризи
c) запаѓање во политичка криза
2. можен е обратен процес плуралистичкиот економски систем да предизвика пресврт или постепено реформирање на монистичкиот политички систем во плуралистички

Состојба на конзистентност во плуралистичките системи:
1. таа е потрајна
2. целокупниот општествен систем функционира поефикасно
3. сепак постои можност за одредена нестабилност во функционирањето на економскиот и политичкиот систем
-во економскиот систем може да се јават еллементи на нестабилност кои можат да се изразат на сличен начин како и кај монистичките системи, т.е појава на алиентација на поединецот во производниот процес, која се должи на карактерот на управување на производството
- во политичкоит систем доаѓа до појава на социјалната нееднаквост, односно на фаворизирана и дефаворизирана позиција на поедини општествени слоеви и групи
Во областа на економскиот систем намалувањето, односно, ублажувањето на отуѓеноста на поединецот во производството, се настојува да се оствари преку воведување на разни форми на партиципација т.е. вклучување на вработените во одделни домени на управување и на сопственост во компаниите.
Во политичкиот систем се вградуваат елементи на социјалната политика преку која се настојува да се ублажат (или корегираат) некои од социјалните нееднаквости.


4. Политиката во економските системи

Онаа што го прават економистите, се вели, дека тоа е што политичарите сакаат да слушаат? Економисти можат да направат компромис во нивните учења со цел да бидат повеќе во согласност со она што го прават политичарите, или онаа што сакаат да направат?
Тоа што го прават политичарите е пребарувањето за оправданоста на теориите. Во секое време економистите се идентификува погрешно во приватни доброволни односи - сега најчесто се опишани како "неуспех на пазарот" - а со тоа и ги даваат посакуваните оправдувања за теоријата за политичари, т.е, тие ќе излезат со теорија во која се оправдуваат самите себе!
До крајот на Втората светска војна се веруваше дека најважната функција на економистите е да генерира научни методи за контрола на економиите, и да се обезбеди просперитет во светот и мир.

5. Економијата во политичките системи

Може да се види за каква цел економија може да и послужи на политиката, и тоа како политиката се обидува да влијае на економија, сега се фокусираат во друга насока во економско-политичките односи, и се поставува прашањето како политиката се употребува во економската теорија, или, со други зборови, да се утврди какво е влијанието на економијата во политиката. Јасно е дека политичарите сакаат да се создаде впечаток дека целата политика е само применување на наука - дека она што го прават не е за личен интерес, туку е резултат на она што цел, и е неутрален, и се однесува на задоволување на јавниот интерес.
Поточно, т.н. економска политика се смета за применета економија, што укажуваат на генерално висок степен на влијание на економијата над политиката. Со цел да се потврди ова побарување, нека се погледне што се случува кога економската теорија треба да се претвори во економска политика. Дали политичарите го следат она што економистите го кажуваат?

6. Користење и извртување на теорија

Има области и концепти во економската теорија, во која под притисок на политиката, надвор да биде посебно успешна, довела до откривањето на неуспех на пазарот.
Имплицитно во сите концепти на неуспех на пазарот е заклучокот дека работите може да биде подобри, имено дека тие може да се подобри преку политичко дејствување.
Па, каков е тогаш односот на политичарите кон ваквите теории? Со оглед на нивните цели, јасно е дека економијата во овие случаи не ја испорачува потребната оправданост на теоријата за нивните интервенции. Ваквите теории често се користи од страна на политичарите. Изразите како "јавно добро", "асиметрична информација", "монопол", "ефективна побарувачка", се само неколку, кои што стана вообичаена работа во јавните политички дискусии. За политичарите не е потребно премногу време за проучување на тоа што, точно економистите го кажуваат кога ги теоретизираат ваквите пазарните неуспеси. Тие се задоволни со фактот дека постоењето пазарните неуспеси може да се исправат со нивно дејствување.


7. Игнорирање на теоријата

Економски професија, сепак, не стана расипана воопшто од политиката. И така во одредени области на економската теорија постои уште еден голем договор од страна на економисти како и за непостоење на било каков неуспех на пазарот, или, барем, непостоење на можноста за негова исправка преку владината политика. Тоа е причина зошто во такви области на заклучок на економската теорија, е дека пазарите најдобро е да се остават без владина интервенција.
Што е тогаш ќе преземат креаторите на политиката кога ќе се соочат со таквитеоретски заклучоци и препораки за нивната политика? Со оглед на нивните цели, јасно е дека економија во вакви случаи не ја донесува потребната оправданост за теоријата на нивните интервенции. Ова, сепак, не значи дека тие се подготвени да ги применуваат овие теоретски заклучоци со истата одмазда што се применува на теориите кои се идентификуваат како пазарни неуспеси.
Спроведување на политичките акција во такви случаи мора да бидат оправдани само врз заклучокот дека економската основа ќе ја направи економија непостоечка за такви цели, која, изненадувачки,претставува прилично ситни компликација за политичарите.

Заклучок

На нашиот пат кон разбирање на меѓусебните односи помеѓу економската теорија и политиката, можеме да го донесеме следниот заклучок. Политичарите се заинтересирани за спроведување на политика колку што е можно повеќе. Се зависи од јавен поддршка, но сепак, тие мора да бидете сигурни дека спроведувањето на нивната политика е доволно оправдано во очите на јавноста. Економија може да обезбеди политика со токму таков вид на оправдување.
Политиката врши влијание врз економската наука со цел реализација на производство, и оправдување на теориите во корист на државниот интервенционизам.
Различни ставови за улогата на владата во економијата доведе до различни системи на политичка економија. Влијанието и моќта на државата, се огледува преку нејзината сила и можност да наметнува правила на игра кои можат да ја нарушат состојбата на идеалната совршена конкуренција. Поради тоа либералистите укажуваат дека моќта на државата е штетна и непотребна на пазарот и дека `невидливата рака ` е онаа која најдобро ќе изврши алокација на ресурсите во светот. Тие сметаат, дека онаму каде приватниот сектор не може, или не е заинтересиран да вложува, тогаш тоа треба да го направи државата. Спроведување на политичките акција во такви случаи мора да бидат оправдани само врз заклучокот дека економската основа ќе ја направи економија непостоечка за такви цели, која, изненадувачки,претставува прилично ситни компликација за политичарите.

Користена литература

1.Владимир Петковски, Стратегии на меѓународните економски односи, Универзитет„св.Кирил и Методиј“ Скопје,Економски факултет-Скопје,2009/2010
2.Никола Узунов, Љубица Костовска, Современи економски системи, Универзитет„св.Кирил и Методиј“ Скопје,Економски факултет-Скопје,2000
3.Economics and Politics: Mutual Relationship, Преземено 15.04.2011г. http://mises.org/pdf/asc/2002/ASC8-Stastny.pdf

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD